ХАЛА (П) СО АДМИНИСТРАЦИЈА (П+1), ВИЗБЕГОВО, СКОПЈЕ
(ПРОЕКТАНТ)
Инвеститор : Баукоп ДООЕЛ Скопје
Локација : КП 2966/1, КП 2966/2, КП 2966/5, КП 2967/2, КО Глуво Бразда, Општина Чучер-Сандево, Скопје
Година : 2021
Објектот претставува мешан конструктивен систем кој се состои од АБ столбови и греди и челична покривна конструкција.
Објектот се состои од производен погон и административен дел. Производниот погон се наоѓа во средишниот дел на халата и го сочинуваат четири меѓусебно дилатирани целини. Администрација се предвидува од двете страни од производниот погон (источна и западна страна) и истата е со катност П+1.
Паркингот е решен во склоп на парцелата. Со партерното уредување во целост се задоволени сообраќајните услови на локацијата и непречено одвивање на утовар и растовар на прозиводи, при што е овозоможена комуникација на повеќе возила одеднаш.