ДИУ Урбан Инженеринг ДООЕЛ Скопје е приватна градежна компанија
која од самото нејзино основање во 1999 година обезбедува услуги од
областа на градежништвото како на приватни инвеститори, така и на
државни институции. Главна дејност на фирмата е изведба на објекти како
од високоградба, така и од нискоградба. Покрај тоа, фирмата располага
со стручен и обучен кадар за изработка на проектна документација и
надзор над изведба на објекти, се во согласност со позитивната законска
регулатива во таа област.
За реализација на горенаведените услуги, фирмата располага со следните
лиценци издадени од Министерството за транспорт и врски на Република
Северна Македонија:
✔ Лиценца Б за изведба
✔ Лиценца Б за проектирање
✔ Лиценца А за проектирање
✔ Лиценца А за надзор над изведба
Покрај тоа инженерскиот кадар располага со потребните Овластувања
издадени од Комората за овластени архитекти и овластени инженери.