РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СТАНБЕН ОБЈЕКТ НА УЛ. ГЕОРГИ СКРИЖЕВСКИ, СКОПЈЕ
(ИЗВЕДУВАЧ)
Инвеститор : Весела Андоновска
Локација : ул. Георги Скрижевски, бр.16, Општина Центар, Скопје
Година : 2022/2023
Целосна реконструкција на објектот во рамки на постоечкиот габарит.
Надворешни интервенции во фасада, фасадна столарија и кровна конструкција со цел поодбрување на термичката, звучната и хидро изолацијата на објектот.
Внатрешната интервенција се состои главно од правење отвор на поткровната плоча и поставување на лантерна на северната страна на објектот со што се добива двојна висина и дополнителна дневна светлина.
Интервенција во партерот со цел обезбедување на дополнителни паркинг места.