ХАЛА ЗА УСКЛАДИШТУВАЊЕ НА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК – II ФАЗА, ВИЗБЕГОВО, СКОПЈЕ
(ПРОЕКТАНТ)
Инвеститор : Атлантик ДООЕЛ Скопје
Локација : КП 317/1, КО Визбегово, Општина Бутел, Скопје
Година : 2021/2022
Објектот претставува мешан конструктивен систем кој се состои од АБ столбови и греди и челична покривна конструкција.
Втората фаза се состои од подрум и приземје и е наменета исклучиво за складирање на овошје и зеленчук. За лесен утовар и истовар на роба, предвидени се товарни платформи.
За поврзување на објектот со првата фаза, изведена е топла врска.