ИНДИВИДУАЛЕН СТАНБЕН ОБЈЕКТ НА УЛ. ВАСИЛ ЛЕВСКИ, СКОПЈЕ
(ПРОЕКТАНТ И ИЗВЕДУВАЧ)
Инвеститор : Јованка Вретоска Гулеска
Локација : ул. Васил Левски бр. 6, КП 903, КО Центар 2, Општина Центар, Скопје
Година : 2021
Објектот претставува АБ скелетен конструктивен систем кој се состои од подрум, приземје, два ката и поткровје.
Во објектот се предвидени четири станбени единици од кои по една на прв кат и поткровје и две на втор кат. Во објектот се влегува од задната страна (северна) односно од дворното место. Во тој дел е предвиден и скалишниот простор кој служи за пристап до станбените единици. Деловниот простор се наоѓа на приземје и има пристап од предната (јужна) страна.
Паркирањето е решено во склоп на парцелата, предвиден е паркинг простор под нивото на теренот до кој се пристапува од улицата преку специјален лифт за возила.